Добредојдовте

МА-ГО КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје е сметководствено биро кое Ви нуди професионални сметководствени услуги претежно наменети за мали и средни компании, непрофитабилни организации како и самостојни вршители на дејност.

Нудиме комплетни услуги за фирми вклучувајќи финансиско и материјално работење, изготвување на завршни пресметки, пресметка на плати, пријавување и одјавување на вработени, даночна евиденција и консалтинг услуги. Сето тоа навремено, со должно внимание и на највисоко професионално ниво.

Доколку барате стручност, конзистентност и квалитет на услугите, ова е местото каде треба да се обратите.

Дозволете да бидеме сервис на Вашиот бизнис. Ангажирајте професионална сметководствена фирма која располага со сопствен професионален тим.

Работното искуство, професионалноста и нашата посветеност се пресудни за воспоставување на одлична соработка со нашите коминтенти со кои соработуваме од основањето до денес.

Нашето работење ја опфаќа и можноста за советување во врска со извештаите, давање упатства, совети и одговори на сите Ваши прашања.

Контакт

Законска регулатива

Корисни линкови

Next-Em

тел./факс.+389 (0)2 2031 156
e-mail: info@mago.com.mk