За нас

МА-ГО КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје е сметководствено биро формирано во 2001 година. Работните простории се опремени согласно сите стандарди, во деловно окружување.

Имаме одличен тим, препознатлив по професионалниот пристап кон работата и по нивната љубезност во комуникацијата со нашите клиенти.

Работиме на софтверски програм Helix (Zonel), направен според општите барања и потреби за сметководствена евиденција, но и во согласност со барањата на надлежните институции во Република Македонија.

Мисија: Со квалитетни и навремени услуги до задоволни и поуспешни клиенти.

МА-ГО КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје е обврзан уредно и сигурно да ракува со документите на клиентите, кои му се доверени. Нашиот тим е спремен да одговори на сите Ваши барања од областа на сметководството.

Нашата стручност ја надополнуваме со постојаниот контакт со наши надворешни консултанти и соработници од специјализирани консалтинг куќи, како и со посета на стручни семинари.

Наше настојување за во иднина е да продолжиме со успешната соработка со постојаните коминтенти, но и да ни се придружат нови кои многу брзо ќе се уверат во нашиот професионален пристап кон работењето.

Контакт

Законска регулатива

Корисни линкови

Next-Em

тел./факс.+389 (0)2 2031 156
e-mail: info@mago.com.mk